Научниците анализирале над 1.700 романи за да откријат дали навистина постојат само шест типа приказни и дали тие можат да се применат на книгите што најмногу ги сакаме?
- Мојот најубав придонес кон културата е одбиен бидејќи беше толку едноставен и изгледаше премногу забавен - рече писателот Курт Вонегат зборувајќи за својата антрополошка теза. Таа потонала без трага, но Вонегат до крајот на животот продолжил да ја промовира идејата што стоела зад сѐ - приказните имаат форма што може да се нацрта на хартија во квадратчиња.
На предавањето што го одржал во 1995 година на таблата нацртал различни форми на приказни, откривајќи дека судбината на главниот лик се менува и протега од среќа до болест.
Сега научниците конечно ја зедоа предвид оваа теза и ги анализираа податоците од илјадници книги за да откријат шест основни типа приказни што можат да се наречат архетипови. Овие шест шаблони се градба и за комплексни приказни. Научниците од Универзитетот во Вермонт за оваа анализа користеле напредна технологија. Биле анализирани 1.700 англиски книги - еве кои видови приказни биле пронајдени:
1. Од бедник до богаташ - промена на судбината од лоша кон добра;
2. Од богаташ до бедник - пад од доброто во лошото, трагедија;
3. Икар - подем, а потоа судбински пад;
4. Едип - пад, подем и повторно пад;
5. Пеперутка - подем, пад, подем;
6. Човек во дупка - пад, подем.
Научниците користеле слична техника со која се анализирале постовите на социјалните мрежи. Таа можеби не е совршена алатка бидејќи анализира како расположението се менува во текст, открива каков вид емотивни нарации постојат, но ги набљудува изолираните зборови и не може да го фати контекстот. Сепак, кога станува збор за поголем дел од текстот, може да даде одличен увид.
„Божествена комедија“, Данте Алигиери
Вид на приказна: Од бедник до богаташ
Песната во прво лице зборува за своето патување низ три дела од задгробниот живот, на половина од својот животен пат, односно во 35-тата година. Низ Пеколот и Чистилиштето го води римскиот поет Вергилиј, на кого Данте му се восхитувал, а низ Рајот го води Беатриче, визијата на Данте за совршена жена. Тука може да се забележи издигнување од бедата и чувство на радост и исполнетост.
„Госпоѓа Бовари“, Гистав Флобер
Вид на приказна: Од богаташ до бедник
Постои дел во приказната на Флобер за неверна жена на која животот ѝ станал досаден, во која главниот лик, Ема Бовари, зборува дека со оглед на тоа што животот ѝ бил лош, останатиот дел што ѝ преостанал сигурно мора да биде подобар. Но греши. Ема влегува во бесмислени, очајни љубовни афери што се само краткотрајно бегство од реалноста. Чекор по чекор оди сѐ пониско додека не го испие отровот. Тогаш и нејзиниот маж ги открива неверствата на сопругата, умира, па нивната ќерка останува сираче. Таа оди да живее со нејзината баба, која исто така умира.
„Ромео и Јулија“, Вилијам Шекспир
Вид на приказна: Икар
Самиот
Шекспир оваа драма ја сместил во жанрот трагедија, но кога ќе се примени анализата, оваа приказна ја добива формата Икар - подем, а потоа пад - младо момче наоѓа девојка, се заљубува во неа пред да се изгубат еден со друг. Од моментот кога тој под балконот ѝ изјавува вечна љубов, сѐ тргнува надолу за на крај да стигне до неизбежна трагедија.