X
 05.10.2018 Живот

Денис Меквеги и Надја Мурад добитници на Нобеловата награда за мир

Доктор Денис Меквеги и Надја Мурад се овогодишните лауреати на Нобеловата награда за мир поради нивните напори за запирање на користењето сексуално насилство како оружје во војните.

Нобеловиот комитет оцени дека докторот Денис Меквеги од Конго е „најистакнатиот, најобединувачки симбол, на национално и на меѓународно ниво, во борбата против сексуалното насилство во војна и вооружени конфликти“.

Надја Мурад, член на малцинството Јазеиди во Ирак, беше заробена од „Исламска држава“ и постојано беше силувана и подложена на други злоупотреби. Комитетот вели дека покажала „нескротлива храброст во раскажувањето на сопственото страдање".

Првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан од Швајцарија и Фредерик Паси од Франција.

Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна, како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.

Во изминатите 40 години лауреати на Нобеловата награда за мир биле:

1977 г. - Амнести интернешнал
1978 г. - Менахем Бегин (Израел)
1979 г.- Mајка Тереза (Индија)
1980 г. - Адолфо Перес Ескивел (Аргентина)
1981 г. - УНХЦР
1982 г. - Алва Мјурдал (Шведска) и Алфонсо Гарсија Роблес (Мексико)
1983 г. - Лех Валенса (Полска)
1984 г. - Дезмонд Туту (Јужна Африка)
1985 г. - Лекари во светот за спречување нуклеарна војна (САД)
1986 г. - Ели Визел (САД)
1987 г. - Оскар Ариас Санчес (Костарика)
1988 г. – Меѓународни сили на ОН за поддршка на мирот
1989 г. - далај-лама
1990 г. - Михаил Сергеевич Горбачов (СССР)
1991 г. - Аун Сан Су Чи (Мијанмар)
1992 г. - Ригоберта Менчу (Гватемала)
1993 г. - Нелсон Мандела и Фредерик де Клерк (Јужна Африка)
1994 г. - Јасер Арафат (Палестина), Јицак Рабин и Шимон Перес (Израел)
1995 г. - Џоузеф Ротблат (Велика Британија) и Pugwash Conferences on Science and World Affairs (Канада)
1996 г. - Карлуш Белу и Жозе Рамуш-Хорта (Источен Тимор)
1997 г. – Меѓународна кампања за забрана на противпешадиски мини и Џоди Вилијамс (САД)
1998 г. - Џон Хјум (Ирска) и Дејвид Тримбал (Велика Британија)
1999 г. - Лекари без граници (Швајцарија)
2000 г. - Ким Дае-јунг (Република Кореја)
2001 г. - ОН и Кофи Анан (Гана)
2002 г. - Џими Картер (САД)
2003 г. - Ширин Ебади (Иран)
2004 г. - Вангари Мута Маатхај (Кенија)
2005 г. - МААЕ и Мохамед ел Барадеј (Египет)
2006 г. - Мухамед Јунус и банка за микрокредити Грамин банк (Бангладеш)
2007 г. – Меѓувладина експертска група на ОН за климатски промени и Ал Гор (САД)
2008 г. - Марти Ахтисари (Финска)
2009 г. - Барак Обама (САД)
2010 г. - Лју Сјаобо (Кина)
2011 г. - Елен Џонсон-Сарлијф и Лејма Гбоуи (Либерија), Тауакул Карман (Јемен)
2012 г. - ЕУ
2013 г. - Организација за забрана на хемиско оружје
2014 г. - Малала Јусуфзаи
2015 г. - Туниски квартет за национален дијалог
2016 г. - Хуан Мануел Сантос, претседател на Колумбија
2017 г. - Меѓународна кампања за забрана на нуклеарно оружје

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот