Фото: Pixabay
Добитник на Нобеловата награда за мир за 2017 година е Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN), беше соопштено денес во Осло.
Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје е коалиција на невладини организации од повеќе од 100 земји, кој е лидер во напорите за постигнување нуклеарна забрана според меѓународното право.
Нобеловата награда за мир минатата година ја доби колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос за напорите да постигне мировен договор со бунтовниците.
Имињата на кандидатите беа чувани во строга тајност, но после објавувањето на името на добитникот, медиумите известија дека биле пријавени 318 кандидати.
Првата Нобелова награда за мир била доделена во 1901 година на Швајцарецот Жанр-Анри Динан, основачот на Црвениот крст и Французинот Фредерик Паси, основа и претседател на Француското друштво за арбитража.
Нобеловата награда се состои од златни медали, диплома и милион евра. Доколку има повеќе добитници, паричната награда се дели.