X
 21.12.2023 Живот

Нема сезонска депресија - Норвежаните најдоа решение за добро расположение и во текот на студената зима

Токму кога научивте како да изговарате „hygge“ (ху-га), се појави нов нордиски концепт за пријатно, среќно живеење оваа зима. Како што можеби веќе знаете, „ху-га“, е убава идеја која ја нагласува удобноста, топлината, забавувањето и уживањето во кратки моменти со пријателите и семејството. За овој збор се напишани книги, а тој влезе и во речникот на „Оксфорд“, како и во потесниот избор за збор на годината во 2016 година.

Сега, од Норвешка доаѓа уште еден концепт за среќен живот кој исто така тешко се изговара. „Koselig“ (се изговара кошли) грубо преведено значи „удобност“, иако е многу покомплексен од тоа. Иако не постои еквивалент на македонски јазик, други земји имаат превод, како данскиот „хуга“, шведскиот „мис“.

Норвешкиот концепт на „кошли“ е еден вид скандинавска тајна во борбата против сезонската депресија и сезонското афективно нарушување. Кошли се фокусира на прифаќање на зимата онаква каква што е, студена и темна и едноставно ги учи луѓето да не бидат фрустрирани поради временските услови.

Која е разликата помеѓу кошли и хуга?


Хуга е пријатен, затворен концепт: свеќи, камин, ќебиња и топлинки кои пропагираат удобност во внатрешниот простор. Кошли е повеќе за прифаќање на студот и собирање надвор со нашите топло облечени пријатели. Кошли е поврзан со излегување надвор и славење на природата додека сте топло облечени. Станува збор за излегување наместо да останете завиткани со ќебе во вашиот дом.

Многу истражувања покажаа дека луѓето што шетаат во природа имаат помала веројатност да ги повторат негативните мисли. Националната здравствена служба во Шкотска е толку убедена во придобивките од престојот во природа за менталното и физичкото здравје, што ги охрабрува лекарите да обезбедат „природни рецепти“ за да помогнат во лекувањето на високиот крвен притисок, анксиозноста и депресијата.

Како да воведете кошли во вашиот живот оваа зима? Помирете се со временските услови

Во скандинавските земји луѓето ретко се жалат на времето. Затоа, следниот пат кога ќе сакате да се пожалите за временските услови, преформулирајте ги мислите. Наместо да зборувате за разни делови од вашето тело кои ви смрзнуваат, зборувајте за тоа колку ви се топли чорапите, колку ќе уживате во следната шолја топол чај или колку вашето куче сака да игра на снегот.

Не споредувајте се со другите

Избегнувајте споредби со оние што објавуваат фотографии од сончевите тропски одмори на социјалните мрежи. Според психолог од Клиниката во Кливленд, една од најдобрите клиники во САД, зимската депресија често има помалку врска со временските услови, а повеќе со споредбата.

Поканете ги пријателите на прошетка

Потребен е вистински напор за да се убедиме да излеземе надвор во зима, но тоа ги прави средбите уште поубави. Има работи на кои треба да се радувате и луѓе што едвај чекате да ги видите, што е витална компонента на кошли. Планирајте однапред и размислете за други начини да внесете физичка активност и сонце во вашиот живот.

Продолжете да се движите


Не е невообичаено луѓето што живеат во постудени клими да станат помалку активни во текот на зимата, но неактивноста е лош потег. Вежбањето не само што е добро за телото, туку е и вистински третман за депресија. Кога хибернираме цела зима, пропуштаме природен и моќен лек. И колку потопло се облекувате, толку повеќе ќе уживате на отворено во зима.

Кошлиг како лекување, а не како лек


Ако најчесто се чувствувате очајно, депресивно или безнадежно, ако сте го изгубиле интересот или задоволството од секојдневните активности, тоа може да биде нешто малку посериозно од зимската мрзливост. Има разлика помеѓу неспособност и незаинтересираност.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот