„Фејсбук“ враќа во употреба доста корисна опција која во минатото предизвика огромен проблем за компанијата и за корисниците.
„Фејсбук“ најави дека ја враќа функционалноста на копчето „Види како“ (View as). Станува збор за безбедносна функција што на корисниците им овозможува да видат како изгледа нивниот профил за луѓе што не им се пријатели. Корисниците ќе можат лесно да направат промени на нивните јавно достапни информации со новото копче „Уреди го јавниот профил“ (Edit Public Profile).
Копчето „Види како“ беше едноставен и корисен начин за прегледување на вашиот јавен достапен профил. Тогаш зошто „Фејсбук“ го укина?
Во септември 2018 година „Фејсбук“ објави дека се хакирани 50 милиони профили, а подоцна откри дека хакерите имале пристап до личните информации на 29 милиони корисници. Хакерите биле спамери кои се обидувале да добијат лични информации за маркетинг. Хакерите го направиле тоа преку ранливоста на копчето „Види како“. Затоа, додека „
Фејсбук“ ја ажурираше платформата, ја укина оваа опција.