X
 23.09.2023 Економија

Мала островска земја го „продава“ морето за да го заштити

Ниуе, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан, излезе со иновативен план за заштита на своите недопрени територијални води. Државата има цел да привлече спонзори кои ќе платат за зачувување на морињата што ги опкружуваат, во замена за поставување реклама на аеродромот.

Според планот, претставен во вторникот во Њујорк од премиерот на Ниуе, Далтон Тагелаги, поединци или компании можат да платат 148 долари за заштита на 1 квадратен километар океан од  нелегалниот риболов и загадувањето со пластика во период од 20 години. Со овој план Ниуе се надева дека ќе собере повеќе од 18 милиони долари со „продажба“ на територија од еден квадратен километар, што сочинува речиси половина од нивната ексклузивна економска зона.


Иако 148 долари по квадратен километар можеби звучат многу, инвеститорите ќе добијат лого со нивното име кое ќе биде поставено на аеродромот во земјата и на веб-страницата на владата на Ниуе, што би можело да биде привлечно за компаниите што бараат добар публицитет.

Собраните средства ќе бидат искористени за поддршка на напорите на земјата за зачувување и управување со морските ресурси, вклучително и формирање голема морска заштитена област.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија