X
 02.06.2015 Здравје

Зошто косата природно станува бела?

Секој оседува некогаш во животот. Зошто?

Косата е продукт на кожата и е составена од милиони тенки влакненца. Основата на влакното се нарекува фоликул. Во фоликулот на влакното се наоѓа меланин. Тоа е пигмент кој се произведува од клетки наречени меланоцити.

Поголем дел од луѓето имаат црна коса или пак нијанси од оваа боја. Косата има два вида на пигменти: темен (еумеланин) и светол (феломеланин). Овие два пигмента ја даваат нијансата на косата. Најчесто, по 30-та година од животот луѓето почнуваат постепено добиваат бели влакна. Зошто се случува ова?

Хидрогенот кој е заслужен што црнокосите може да станат русокоси е виновен за побеливање на косата. Човечкото тело го произведува хидрогенот во мали количини. Тој е производ од некои реакции во метаболизмот. Младите луѓе успеваат да го елиминираат, додека постарите луѓе се потешко успеваат да се ослободат од него.

Кога нема што да го попречи хидрогенот, тој го блокира ензимот тирозиназа. Овој ензим е заслужен за производство на меланин во човечкото тело. Поради ова се помалку се произведува меланонин и постарите луѓе стануваат седи.

Научниците сметаат дека во иднина ќе се пронајде лек кој ќе го блокира хидрогенот. Дотогаш не ви останува ништо освен да го користите виновникот за бојадисување на косата кој го имате во себе.

Извор: Optimum Naturae

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје