X
 06.01.2017 Култура

2Cellos го одбија Трамп


2Cellos

2Cellos ја одбиле поканата на Доналд Трамп да настапуваат на неговата инаугурација. Експертот за односи со јавност смета дека направиле погрешен потег.

Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ го одбиле повикот за настап на инаугурацијата на Трамп за нов американски претседател.

„Во текот на јануари, 2Cellos имаат договорени и потврдени термини за снимање на неколку спотови паралелно и затоа не се во можност да прават прекини со денови патувајќи до Америка и назад“, соопштиле од нивниот менаџмент.

Анкица Мамиќ, експерт за односи со јавност, ја коментирала нивната одлука за хрватски Дневник.

„Сметам дека тоа е лошо од аспект на ПР стратегија. Имено, се работи за најмоќната земја во светот.
Доналд Трамп на 20 јануари ќе стане најмоќниот човек на светот, без разлика што ние мислиме за него“, смета таа.

„Тоа би била позитивна промоција и за нив и за Хрватска. Комуникациски, тоа не е паметен чекор.
Сигурно од нивна точка на гледање и самото одбивање на Трамп станува настан. Сè е ПР“, додала Мамиќ.

„За Хрватска е добро и што се повикани и сигурно би направиле голема промоција на земјата, за разлика од секојдневните егзебиции што се случуваат во центарот на градот“, заклучила Анкица Мамиќ.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура