Нобеловиот комитет одлучи Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година да им ја додели на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за нивните откритија во врска со јонските канали управувани од светлина и оптогенетиката.
Хегеман и Нагел го открија каналородопсинот, протеин со единствени својства. Тие открија дека без оглед на тоа во која клетка ќе го стават протеинот, тие клетки стануваат чувствителни на светлина. Дајсерот го внесе генот за каналородопсин во нервни клетки од стаорци. Со осветлување на клетките со сина светлина, тој успеа да предизвика нервен сигнал. Подоцна, тој направи овој прекинувач за нервни клетки управуван од светлина да функционира и во мозокот на живи глувци.
Овој метод за управување со нервните сигнали со помош на светлина денес се нарекува оптогенетика и брзо стекна свестско влијание.