Речиси сета модерна медицина се заснова на користење на антиобиотици. Тие се користат за операции, болести и инфекции. Но, има една лоша страна на антибиотиците. Бактериите се' повеќе стануваат имуни на лековите кои се создадени за да ги убијат. Некои антибиотици, едноставно, повеќе не функционираат, а некои ќе престанат да функционираат наскоро.
За жал, споро реагираме на овој проблем.
Нов извештај предупредува дека доколку не е преземе нешто наскоро, инфекциите кои не можат да се лечат со антибиотици ќе убиваат дополнително 10 милиони луѓе годишно до 2050 година.
Владите ширум светот започнуваат со воведување нови програми за поттикнување и наградување на побрзо создавање нови лекови и намалување на преголемата употреба на антибиотиците. За жал, се чини дека тоа не е доволно.
Отпорноста на бактериите на антибиотици е природен феномен. Колку почесто ги користиме, толку повеќе овозможуваме мутирање на бактериите кои се множат. Доколку ги користиме премногу, бактериите наскоро ќе доминираат.
Во свет без антибиотици, ризикот од заразување со инфекција се зголемува драматично. За некои пациенти, потешко би било оздравувањето. Процедурите кои се неопходни ќе станат поопасни. Речиси е незамисливо како би изгледал светот без антибиотици!
„Речиси е незамисливо“, изјави професорот Кевин Аутерсон од Бостонскиот Правен универзитет. „Доколку имате шанси од 5% за заразување со инфекција која има 40% шанси за смртност, дали би сакале да прифатиле операција од која не ви зависи животот?“
Сепак, продолжуваме да ги користиме антибиотиците премногу и погрешно, со што ги правиме бескорисни.