X
 10.10.2018 Образование

Шест балкански земји почнаа преговори за заемно признавање на дипломите

Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, почнаа преговори за заемно признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматологија, архитектура и на градежните инженери.

Состанокот се одржал во Брисел по покана од Регионалниот совет за соработка (РСС), оперативно тело на земјите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и е дел од повеќегодишниот план за економска соработка усвоен од премиерите на балканските земји на Самитот во Трст.

- Нацрт-спогодбата е заснована на уредба на Европската Унија за признавање на стручните квалификации и ќе придонесе кон пристапувањето во Унијата - истакнал генералниот секретар на РСС, Горан Силановиќ.

Главните преговарачи од ресорните министерства од земјите на Западен Балкан, како што соопшти РСС, го усвоиле Акцискиот план и изразиле очекување дека спогодбата може да биде потпишана до средина на 2019 година, пред самитот на ЕУ со Западен Балкан, кој следната година ќе се одржи во Полска.

Со признавањето на стручните квалификации ќе се овозможи поголема мобилност на пазарот на труд на Западен Балкан.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование