Група истражувачи работат на неинвазивни контактни леќи што може да откриваат рак, а можеби и да помогнат во негово лекување.
Откритието се опишува во ново истражување водено од биомедицинскиот инженер Јангџи Џу од Институтот „Терасаки“ во Калифорнија. Контактните леќи засега биле тестирани само во лабораториски услови на клетки и сè уште не биле тестирани на луѓе.
Тие функционираат на тој начин што препознаваат клеточни состојки во солзите наречени егзозоми, за кои се смета дека се знак за развој на тумор на некое место во телото. Во леќите има антитела кои ги забележуваат егзозомите и стануваат црвени во нивно присуство. Црвенилото покажува присуство на тумор во телото.
Резултатите од леќите би можеле да се добијат за помалку од половина час, а целиот процес е безболен и не бара операција или зафат.
Во следната фаза научниците ќе ги тестираат леќите на зајаци, а доколку тие бидат безбедни, ќе се тестираат и на луѓе. Леќите би можеле еден ден да се користат и за примање лекови за рак и други болести, освен само за дијагноза, според Џу.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay