X
 05.11.2022 Живот

Португалија ќе тестира четиридневна работна недела

Владата на Португалија претставила план за четиридневна работна недела. Пилот-проектот треба да почне наредниот јуни и прво ќе биде имплементиран во приватниот сектор.

Пилот-проектот треба да трае шест месеци, а Владата дотогаш ќе бара компании кои сакаат да ја имплементираат промената.

Меѓутоа, Владата не нуди финансиска компензација и не е специфициран точниот број на работни часови кои вработените би ги работеле. Тоа значи дека можеби вработените би работеле подолго во текот на четирите работни денови.

Единствениот услов од Владата е да се намали вкупниот број работни часови во седмицата, без да се промени нивната плата.

Од конфедерациите за туризам и комерција на Португалија изјавиле дека ова не е време за дискутирање на четиридневна работна недела бидејќи државата има други приоритети, како енергетската криза.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот