Многу мостови поврзуваат различни земји и најчесто се големи и долги. Но тоа не е случајот со еден мост кој ги спојува Португалија и Шпанија, а кој се смета за најмал мост во светот.
Мостот е долг само три метри и се нарекува Ел Марко. Бил изграден од страна на работници од двете земји со финансиски средства на Европската Унија.
Мостот е направен од дрво и е наменет само за пешаци и велосипедисти. Пред да се изгради мостот, локалните жители користеле штици за да поминат преку реката.
Извор:
DDL
Фото: Instagram (Printscreen)