X
 05.11.2023 Живот

Погледнете како луѓето во светот го поминуваат секојдневието

Секој човек ги има истите 24 часа што треба да ги помине во еден ден, но начинот на кој ги делиме тие часови за работа, спиење, училиште и игра, варира од човек до човек.

Научниците неодамна собраа достапни податоци за тоа како луѓето низ светот го распределуваат своето време и ги искористија за да го дефинираат просечниот глобален ден на човекот.

Повеќе од една третина од нашите часови ги поминуваме в кревет, откриваат истражувачите, а остатокот е поделен на три категории кои истражувачите ги смислија врз основа на тоа дали времето директно влијае врз луѓето, физичкиот свет или каде и што прават луѓето.

1
Фото: The Global Human Day,” by William Fajzel et al., in PNAS, Vol. 120; June 2023 (data)

Активностите, како што е земјоделството, одземаат многу повеќе време во посиромашните земји отколку во побогатите, додека други активности, како што е транспортот, се постојани насекаде.

На крајот, истражувањето покажа дека релативно малку време, околу 5 минути во просечен ден на човекот, се посветуваат на активности кои директно ја менуваат животната средина и климатските промени.

Извор: Scientific American
Фото: The Global Human Day,” by William Fajzel et al., in PNAS, Vol. 120; June 2023 (data)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот