Според ново истражување од група психолози, навистина може да бидете нервозни кога сте гладни. Ова не е прво истражување на оваа тема, но е прво спроведено во реална околина наместо во лабораторија.
Тоа анализирало 64 возрасни лица на возраст од 18 до 60 години од Централна Европа во период од три недели. Испитаниците требало да прават белешки за нивната емоционална состојба и чувство на глад петпати дневно.
Фото: Freepik
Истражувачите добиле над 9.000 одговори од испитаниците и врз основа на нив покажале дека испитаниците се чувствувале понервозни кога биле гладни. Било покажано и дека нервозата се зголемувала со зголемувањето на гладот.
Истражувањето покажало и други работи, како тоа дека 58 отсто од испитаниците јаделе појадок, а само 23 отсто знаеле да препознаат кога се најадени.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Freepik