Едно ново истражување открило докази дека паразитите на маларија се насобираат во слезината, во првата недела додека не се развие инфекцијата.
Тоа е уште една мала победа во низата неодамнешни откритија што го „редефинираат“ нашето разбирање за маларијата - болест опасна за живот што ја пренесуваат
комарците, која влијае врз милиони луѓе низ светот секоја година.
Австралиските научници дури неодамна ги откриле паразитите на маларија, особено сортата „плазмодиум вивакс“, што демнат во слезината кај луѓето со хронични инфекции на маларија во изненадувачки големи количини.
Ова откритие помага да се објасни зошто хроничните случаи на маларија може да не се покажат на крвните тестови, а одеднаш се разгоруваат. Ова ново истражување покажува колку брзо паразитите го наоѓаат патот до слезината.
Фото: Woodford et al., PLOS Medicine, 2021
Истражувачите пронашле докази за акумулација на паразити на маларија во слезината, непосредно по инфекцијата со маларија, што тие ја предизвикале кај волонтерите под контролирани експериментални услови, и тоа повеќе кај п. вивакс отколку кај п. фалципарум, најсмртоносната форма на плазмодиумскиот паразит што предизвикува маларија кај луѓето.
Важно е да се напомене дека истражувањето било сосем мало: само седум здрави доброволци, кои никогаш порано немале маларија, кои биле набљудувани откако биле заразени со доза на п. вивакс (тројца волонтери) и п. фалципарум (преостанатите четири).
Покрај дополнителните докази што ова истражување ги дава за плазмодиумските паразити во слезината, тоа исто така посочува дека снимањето на целото тело може да биде корисна алатка за проучување инфекции на маларија.
Извор:
Sciencealert
Фото: Freepik