„Жито Лукс“ на пазарот пласира три нови вида бисквити од познатата линија Нутри. Станува збор за 100% интегрални бисквити од 3 вида житарки со три неодоливи вкуса – со чоколадо, со суво грозје и цимет и со чија, просо и црно семе.
„Насекаде во светот потрошувачите трагаат по нови вкусови на здрави оброци што ќе им понудат нови доживувања, а истовремено ќе ја задоволат нивната дневна потреба за внес на витамини, минерали и диететски влакна. Токму овие придобивки ги овозможува составот на Нутри 100% интегралните бисквити со 3 житарки. Нивната главна одлика е совршениот и избалансиран спој од високонутритивни вредности, а истовремено имаат одличен вкус. Со воведувањето на трите нови вкуса сметаме дека ќе успееме да ги задоволиме и најспецифичните барања на потрошувачите, а и да им понудиме одличен избор за здрав, вкусен и лесен оброк што ќе претставува основа за нивното здравје, виталност и енергија во текот на денот“, изјавија од „Жито Лукс“.
„Жито Лукс“ е компанија – лидер во производството на леб и брашно во земјава. Со традиција постара од седум децении, континуирано ги следи светските трендови и иновации од областа на здравата храна. Овие три нови производи значат ширење на портфолиото на производи и поголем избор за оние што имаат балансирана исхрана.
(Комерцијална објава)