X
 05.01.2021 Здравје

Ковид-19: Речиси половина од регистрираните заболени годинава се од Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година се тестирани вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на една недела претходно.

Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 града во државата со намалување од 30,9% во однос на една недела претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.086; 46,6%).

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21,6%, намалување од 4,1% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59, како и 40-49 и 30-39.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, што е намалување од 27,9% во однос на една недела претходно. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје