X
 06.05.2019 Наука

Мијте садови, метете и диплете алишта - овие активности ќе ви го продолжат животот!

Се сеќавате на деновите кога бевме деца, една од работите што ги мразевме беше миење на садовите или чистење на нашите соби. Ова воопшто не е чудно со оглед на тоа што не постои ништо забавно или пријатно во врска со овие активности. Но, кога бевме мали често можевме да се извлечеме и да не ги извршуваме овие активности. За жал, овие трикови повеќе не функционираат со оглед на тоа што сега сме возрасни.

Но, неодамнешно истражување ќе ве натера да не ги избегнувате овие домашни обврски со оглед на тоа што откри дека бришењето на подот може да ви го продолжи животот.

Како што се вели во истражувањето, повеќе не мора да посетувате фитнес-сала за да живеете подолго. Американските научници велат дека дури и лесните активности, како што е диплењето алишта или метењето на подот, може да придонесат и да ви помогнат да живеете подолго. Истражувањето вклучувало 6.000 учесници, сите жени, на возраст од 63 до 99 години. Истражувањето собирало податоци за нивната физичка активност цела недела, а потоа докторите ја следеле состојбата на срцето 3 години.

Според резултатите, жените што поминувале 30 минути во лесни физички активности, како диплење алишта, имале 12 отсто понизок ризик за смрт во споредба со оние што не правеле ништо. Стапката на смртност била уште помала кај учесниците што редовно имале 30 минути умерена енергична активност. Зголемувањето на стапката на животниот век во овој случај изнесувало 39 отсто. Истражувачите објавиле дека резултатите се слични за жените од која било возраст, култура и тежина.

Ова е неверојатен наод бидејќи покажува дека луѓето и понатаму можат да имаат здравствени придобивки дури и ако нивната физичка активност е на пониско ниво од препорачаното.

- Извршувањето некаква активност е подобро отколку да не правите ништо - вели водечкиот автор на истражувањето.

Истражувачите истакнуваат дека иако истражувањето се концентрирало на постарите жени, истото важи и за помладата генерација. На пример, од клучно значење е развивање здрави навики додека уште сте млади. Во овој случај, ќе ви биде полесно да ги одржувате во текот на целиот ваш живот.

Постојат многу истражувања што ја потврдуваат врската помеѓу високите нивоа на стрес и морталитет. Тоа е уште една причина за да почнете да извршувате барем некои домашни работи. Излегува дека луѓето што внимателно ги мијат садовите (се фокусираат на процесот, го мирисаат сапунот и ја чувствуваат температурата на водата) можат да ја зголемат нивната инспирација за 25 отсто и да го намалат нивото на вознемиреност за 27 отсто. Оттука, ова ви помага да го продолжите вашиот живот.

Важно е да се напомене дека треба да се фокусирате на процесот. Луѓето што не обрнувале внимание на тоа и ги миеле садовите само затоа што морале немале здравствени придобивки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука