По заканите за бомби во пет кавадаречки училишта изутринава, се огласи професорот, иноватор Димитрија Ангелков од средното електро-машинско училиште во Кавадарци, кој смета дека постои решение за надминување на проблемот.
- Решение за дојавите е многу едноставно користење централизиран имејл сервер, на кој ќе бидат пријавени сите дигитални сертификати издадени од телеком и кибс. Така никој нема да може да прати имејл на школо ако нема валиден сертификат, добиен од телеком или од кибс. Решенија има, треба да се практикуваат. Друго решение е користење десктоп-апликација Вибер, која работи преку активација од мобилниот телефон, така исто секој што ќе се осмели да прати порака, ќе се знае од кого е пратена - смета професорот кој има добиено многубројни награди за иновации.
Накратко кажано, вели професорот, со ова поединци нема да можат да праќаат мејлови по училишта, затоа што ќе им треба дигитален сертификат за да може електронски да комуницираат со училишта.
Извор: МИА