X
 23.03.2016 Образование

Планот на Харвард да ги подобри училиштата во Америка

plan 

 

Најдоброто училиште е она кое ги учи децата ефикасно, а исто така ги подготвува за животот како возрасни.


Според Пол Ревил, професор на Универзитетот во Харвард, постојат малку вакви училишта. Потребна е помош за се исполни нивната мисија на холистички развој.

Затоа Ревил и Факултетот за образование при Харвард започнуваат нова национална програма наречена „By all means“, која во текот на следните неколку месеци, ќе им помогне на училиштата во шест градови низ Америка да се справат со локалните предизвици кои го попречуваат напредокот на учениците.

Заедницата чие главно државно училиште има голем број бездомници помеѓу младата популација, на пример, би можело да работи со локално засолниште за да им помогне на децата да ги извршат задачите. Училиште без поддршка на мрежата ќе биде принудено да се справи со проблемот на своја одговорност.

Шесте градови во кои ќе се одвива програмата се: Оукланд, Калифорнија, Луисвил, Кентаки, Провиденс, Род Ајленд и градовите во Масачусетс: Сомервил, Њутаун и Салем. Ревил очекува дека секој од нив ќе се соочи со уникатен сет на предизвици, без разлика дали е недостаток на пристап до технологија во Провиденс или млада популација на бездомници во Салем.

„Заедниците имаат огромна сума на средства кои можат да ги искористат во однос на предизвикот на едукација на сите деца на високо ниво“, вели Ревил.

За да се спроведе системот, Харвад ќе ангажира консултанти во секој од шесте градови да дејствува како врска помеѓу локалниот градоначалник, надредените во училиштата, наставниците и родителите. Групата на припадници на заедницата ќе бидат назначени како „кабинет за децата“. Во текот на долгогодишниот проект, кабинетот ќе се состанува со Харвард пет пати за да го известува за локалните програми.

Најголемата надеж на Ревил е дека проектот ќе даде јасни податоци за силата на вклученоста на заедницата во образованието. „Во текот на овој процес, ние ќе помогнеме во пропагирањето на некои други успеси низ земјата. И ние ќе ги имаме идентификувано правилата за работа кои треба да ги направиме за да се елиминираат бариерите“, вели тој.

Еден фрапантен пример на овие пречки е изненадувачкиот и добро документарниот тренд познат како „неуспех за време на летото“. Децата од побогатите семејства во текот на летото го подобруваат и зголемуваат нивното образование, додека децата од посиромашните семејства повеќе се насочени кон бесплатната, неорганизирана игра.

Како резултат на тоа, децата од богатите семејства задржуваат повеќе од образовниот процес со доаѓањето на септември, а секое лето расте образовниот јаз помеѓу две социо-економски класи и со тоа влијае врз целокупното достигнување.

Ревил сака проектот „By all means“ да овозможи образованието во текот на летото да биде подостапно за семејствата со ниски приходи.

„Летното учење треба да се третира како критичен дел од јавното образование - тоа е право на секој ученик“, вели Ревил. Тоа значи понуда на бесплатни или субвенционирани програми кои постојат надвор од нормалниот летен камп за децата од посиромашни семејства да го одржуваат и мозокот и телото активни.

Самите градови ќе бидат одговорни за одредување на тоа како ќе изгледа нивната програма. Ако се` оди добро, проектот ќе биде продолжен во други градови.

„Ова е итеративен процес. Не очекуваме да изградиме нови системи преку ноќ, но очекуваме да научиме еден куп лекции кои потоа ќе не` одведат еден чекор поблиску, а потоа со создавањето на нова основа, ние работиме од таа основа како што напредуваме“, завршува Ревил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование