X
 05.12.2024 Живот

Шеф на јапонска банка најави дека ќе си ја намали платата за 30 отсто

Кентаро Окуда, шеф на една од најголемите банки во Јапонија, донесе прилично незамислива одлука за овој дел од светот - намалување за 30 отсто на својата и на платата на другите менаџери.

Овој потег на шефот на банката „Номура“ доаѓа по инцидентот во кој поранешен вработен беше обвинет за грабеж и обид за убиство на клиент. Потоа, Окуда изјави дека во следните три месеци ќе ја намали платата за 30 отсто, а слични намалувања чекаат и други високи менаџери во банката.

- Одлуката доаѓа откако еден од поранешните вработени во управувањето со богатството во банката беше обвинет за обид за убиство, грабеж и подметнување пожар. Вработениот наводно дрогирал постар клиент и неговата сопруга во Хирошима, пред да украде пари и да ја запали куќата - велат од банката.

Окуда и тројцата менаџери официјално ѝ се извинија на јавноста за овој инцидент.

- Би сакале длабоко да им се извиниме на жртвите, како и на многу други инволвирани луѓе за големата непријатност  што ја предизвика овој инцидент. Навистина ни е жал - рече Окуда.

„Номура“ е најголемата инвестициска банка во Јапонија со 26.000 вработени низ светот, со канцеларии во Токио, Лондон и Њујорк.

Компанијата вети дека ќе го промени начинот на работа по инцидентот.

- Во догледна иднина, менаџерот ќе ги придружува вработените кога ќе ги посетат домовите на клиентите или ќе разговараат со клиентите на телефон за времето на секоја посета - велат од банката.

Извор: klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот