X
 15.07.2018 Економија

Колку заработуваат банкарите од Вол Стрит?

Една од големите причини зошто многу луѓе сакаат да работат на Вол Стрит е што платата е прилично висока.

На основа на информациите од 1.236 финансиски професионалци од Њујорк, се проценува дека просечната плата и бонусите за професионалците од Вол Стрит се движи отприлика вака:

-Аналитичарите имаат најниска плата од 91.000 долари и бонуси од 37.000 долари;

-Помошниците земаат 124.000 долари плата и 70.000 долари бонуси;

-Потпретседателите просечно земаат 181.000 долари плата и 135.000 бонуси;

-Директорот зема 256.000 долари плата и 263.000 долари бонуси;

-Генералниот директор зема 364.000 плата и 463.000 долари бонуси.

Фото: Business Insider

Ова покажува дека искачувањето на врвот на Вол Стрит и те како вреди.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија