Илон Маск е еден од најпопуларните индусријалци на светот. Тој зборува за одење на Марс, копа тунели под земјата и што ли уште не. Но, дали сте слушнале за неговата опседнатост со стрипови, ангажманот во „Тесла“ и тајната за неговото потекло?
Прочитајте ги овие пет интересни нешта за Илон Маск.
Од каде доаѓа Илон Маск?
Илон е роден во Јужноафриканската Република, се школувал во Канада и САД, а американско државјанство добил дури на 31 година, односно во 2002 година.
Ја обожава „Војна на ѕвездите“
Фото: Tportal
Љубовта на Маск кон серијата е толку голема што ракетите од компанијата „СпејсИкс“ ги именувал по популарните летала од филмот.
Маск не е првиот сопственик на „Тесла“
Фото: Tportal
Иако моментално ја врши должноста извршен директор на компанијата, сепак тој не е основач на истата. За настанувањето на „Тесла“ се одговорни Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг, кои во 2003 година ја основале компанијата, иако денес како соосновачи се наведуваат Маск, Џеј-Би Стробел и Иан Рајт.
Маск му се придружил на управниот одбор една година по основањето на компанијата и се истакнал со инвестирање - Илон вложил голем дел од парите потребни за првата рунда финансирање (нешто помалку од 7,5 милиони долари). Благодарение на тој потег, Илон станал главен инвеститор во „Тесла“. Местото на директор го презел во 2008 година.
Не е сѐ во парите?
Фото: Tportal
Покрај тоа што лично располага со компании и недвижнини во вредност од околу 20 милијарди долари, Маск одлучи да тргне по стапките на Стив Џобс, па неговата официјална плата во „Тесла“ е пропишана на еден долар.
Маск е голем обожавател на „Икс-Мен“
Милијардерот е голем обожавател на стрипови, особено на „Икс-Мен“. Дури и еден од неговите синови добил име по водачот на мутантите во „Икс-Мен“, професор Ексевиер.