Кет Камалани е поранешна стјуардеса од Солт Лејк Сити која неодамна стана популарна на „Тик-ток“ поради нејзините совети за летањето. Таа не ја открива авионската компанија во која работела, но открива многу тајни за летањето.
Меѓу другото, таа советува купување пијалоци што се во шише или лименка бидејќи резервоарите во кои се чува водата за чај и кафе не се чистат. Според неа, не се чистат ниту машините за правење кафе, па затоа дури ниту стјуардесите не пијат кафе на авионите.
Камалани советува и користење марамче за допирање на вратата од тоалетот. Освен тоа, треба да се одбегнува допирање и на сè што има во џебовите на седиштата бидејќи тие не се чистат помеѓу летовите.
Таа советува и чистење на отворот за воздух и масата.
Кога станува збор за багажот, таа вели дека стјуардесите не се должни да им помогнат на патниците да го стават багажот во просторот над седиштата.
Освен совети, на својот профил на „Тик-Ток“ Камалани зборува и за специјалниот третман што го добиваат славните личност и зборува и за „тајните“ делови од авионите.
Автор: Полин Фромер
Извор:
frommers.com
Фото: Pixabay