X
 06.01.2020 Образование

Трикови што ќе ви помогнат подобро да се подготвите за испитите

Постои една нова равенка: учење = студенти + умирање. Ова дефинитивно не мора да биде случајот со вас затоа што ви нудиме неколку трикови за тоа како да се подготвите за вашите испити.

1. Експериментирајте со бои

Постојат голем број начини за тоа како да го привлечете вашиот ум да учи. За почеток, размислете за фаќање белешки во различни бои. Користете различни пенкала за да ги подвлечете важните делови од вашите белешки или од учебникот. На пример, користете една боја за оригиналниот материјал, а друга боја за референциите од учебниците или други материјали што сте ги користеле за време на предавањата.

Голем број истражувања покажуваат дека боите имаат значаен ефект врз нашето расположение. Промената од досадно црна во посветла боја и повеселите бои може да го променат вашето учење и да го претворат во позитивно искуство.

2. Помош од музиката

Доколку ви е тешко да запомните некоја лекција и имате тешкотии во учењето, тогаш потребно е да изберете одредена мелодија и лекцијата да ја испеете како песна.

Обидете се, ќе видите колку може да биде успешно и ефективно.

3. Користете апликација за блокирање на интернетот

Апликацијата Cold Turkeу ги блокира страниците „Твитер“ и „Фејсбук“, така што нема да ви биде одвлечено вниманието ако некој ви ставил лајк на фотографијата.

4. Забрзајте ги работите

Максимизирајте го вашето време на слушање преку прегледување на вашите лекции на снимен материјал. Програмите како Audacity ви овозможуваат да ги забрзате видеоматеријалите. Оваа страница има доста добри објаснувања што треба да направите доколку не ви е јасно.

5. „Поткупете“ се себеси

Кога доаѓа време за подготвување на големиот испит, дефинитивно треба да си се поткупите себеси. Добро би било да направите договор со себе, нешто како: „Ако прочитам уште 20 страници, може да одам да си купам сладолед“. Така ќе имате поголема мотивација за учење и, секако, награда по учењето.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование