Нова анализа на стари фотографии открива дека Нептун изгледа поинаку од она што се мислеше досега.
Научниците со децении се прашувале зошто Нептун и Уран, кои се екстремно слични, имаат различни бои. Според фотографии од сондата „Војаџер 2“, Уран е светлосин, додека Нептун има потемна нијанса на сина боја. Со оглед на тоа што составот на атмосферата на двете планети е речиси идентичен, не било јасно зошто бојата на двете планети се разликува.
Научниците одново ги процесирале податоците од сондата и откриле дека првите фотографии од Нептун биле погрешни. Впрочем, Уран и Нептун навистина имаат слична боја, иако не е иста.
Фото: Патрик Ирвин (Patrick Irwin/University of Oxford)
Причината за грешката е во начинот на чување на фотографиите во сондата. Имено, фотографиите од планетите биле зачувани во два различни формати и оние на Нептун биле обработени за да се нагласи контрастот. Од друга страна, фотографиите од Уран биле зачувани во формат кој е поблизок до оригиналниот изглед на планетата.
Оваа разлика била нагласена од научниците тогаш, но информацијата се изгубила со текот на времето, па затоа фотографиите од двете планети погрешно се претставувале како оригинални.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија:
Патрик Ирвин (Patrick Irwin/University of Oxford)