X
 02.01.2024 Живот

Неверојатна фотографија од Уран и неговите прстени направена од телескопот „Џејмс Веб“

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ открива неверојатен нов портрет на ледениот џин Уран, со неговите прстени и 14 од 27 месечини.

Оваа фотографија открива исклучителни детали, ги прикажува прстените на Уран, 14 од 27 месечини на планетата, ѕвезди во заднина и галаксии.

Сликата направена со инфрацрвената камера на „Џејмс Веб“ и објавена од НАСА е продолжение на збир од фотографии направени во февруари. Новата слика се одликува со дополнителна бранова должина на светлина, откривајќи скриен прстен. Иако е познато дека Уран има 13 различни внатрешни и надворешни прстени, камерата наречена „НИРкам“ го откри „зета прстенот“ на планетата, кој е слаб и е сместен блиску до планетата.

Ова е многу подетален поглед на Уран отколку првиот, направен од сондата „Војаџер 2“ на НАСА во 1986 година.

На Уран му се потребни 84 Земјини години за да го направи својот круг околу Сонцето. Со толку бавна орбита, плус екстремното навалување на Уран, тоа значи дека ледениот џин доживува екстремни сезони, при што поларната капа видлива на сликата што произлегува од нејзиниот северен поларен регион ќе заврши во 2028 година.

uran
Фото: NASA

Извор: Livescience.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот