X
 06.02.2016 Култура

Дали лажете што сѐ сте прочитале?

Едно истражување покажало дека дури речиси половина од луѓето лажат дека прочитале книги кои, впрочем, не ги ни отвориле. Првото место на листата книги за кои луѓето најчесто лажат дека ги читале се наоѓа „Алиса во Земјата на чудата“, покажало истражување од Би-би-си.

„1984“ на Орвел, трилогијата на Толкин „Господар на прстените“, „Војна и Мир“ на Толстој и „Авантурите на Шерлок Холмс“ од Дојл се наоѓаат горе на листата. Меѓу останатите автори за кои се лаже дека се читаат се Џејн Остин, Селинџер, па дури и Џ.К.Ролинг.

Истражувањето било спроведено на 2.000 Британци и во истото се открило дека еден од четворица луѓе лажат за книгите кои ги читале.

-Луѓето се подготвени да се согласат дека читале класични романи, бидејќи така во друштвото делуваат интелигентно. Меѓутоа, дури 42% од нив своите знаења за класиците го заснова на ТВ-адаптациите и филмовите или сижеата кои се наоѓаат на интернет - стои во извештајот.

Начитаноста претставува привлечем елемент, се чини. Дури 60% од испитаниците изјавиле дека личноста која чита книги делува поатрактивно. Следува листата од книги за кои најчесто се вели дека се прочитани, дури и кога тоа не е вистина.

1. „Алиса во Земјата на чудата“ - Луис Керол
2. „1984“ - Џорџ Орвел
3. „Господар на прстените“ - Џ.Р.Р.Толкин
4. „Војна и мир“ - Толстој
5. „Ана Каренина“ - Толстој
6. „Авантурите на Шерлок Холмс“ - Артур Конан Дојл
7. „Да се убие птицата подбивница“ - Харпер Ли
8. „Дејвид Коперфилд“ - Чарлс Дикенс
9. „Злосторство и казна“ - Фјодор Достоевски
10. „Гордост и предрасуди“ - Џејн Остин
11. „Мрачна куќа“ - Чарлс Дикенс
12. „Хари Потер“ - Џ.К.Ролинг
13. „Големите очекувања“ - Чарлс Дикенс
14. „Дневникот на Ана Франк“ - Ана Франк
15. „Оливер Твист“ - Чарлс Дикенс
16. „Педесет нијанси сиво“ - Е.Л.Џејмс
17. „Десет мали црнци“ - Агата Кристи
18. „Големиот Гетсби“ - Ф. Скот Фицџералд
19. „Квака 22“ - Џозеф Хелер
20. „Игри во ржта“ - Џ.Д.Селинџер

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура