X
 27.09.2019 Култура

Ни книгите повеќе не се гаранција за точност. Дали верувате во сѐ што ќе прочитате?

Секојпат кога ќе избие скандал поради неточни податоци во некоја книга, сите се прашуваат каде се експертите што треба да ја проверат точноста. Но, не е утврдено чија обврска е да ја плати проверката.

Во време кога на сите страни сме опкружени со неточни податоци, кога се печатат книги што не пренесуваат проверени факти и кога се печатат лажни мемоари или се опишуваат наводно точни случувања, читателите и понатаму им веруваат на дезинформациите, особено на оние што се пуштаат на интернет.

- Издавачите треба да ја оправдаат точноста на печатените текстови и да се погрижат она што го печатат да одговара на вистината - е заклучокот на истражувањето на новинарите што се занимавале со оваа тема.

Во текот на последните неколку години излезе дека книгите и статиите од угледни автори се полни со грешки, а меѓу таквите автори се најдоа и Наоми Волф, поранешна извршна уредничка на „Њујорк тајмс“, извршниот уредник Џил Ејбренсон, историчарот Џеред Дајамонд, експертот за бихевиоризам и „експертот за среќа“ Пол Долан, како и угледниот новинар Мајкл Волф.

1
Фото: Shutterstock


Но, сите тие, на забелешките на читателите дека нашле грешки во нивните текстови, одговориле дека издавачите треба повеќе да обрнат внимание на точноста на текстовите што ги печатат.

Некои автори, пак, сами ангажираат професионални експерти за наоѓање грешки. Многу уредници од големите издавачки компании воведоа ригорозна проверка на точноста на податоците пред да ги испечатат.

Таква проверка на точноста на податоците одзема многу време и е многу скапа, а издавачите и во САД едвај врзуваат крај со крај.

Стандардниот одговор на издавачите кога некој ќе ги предупреди дека згрешиле е: - Ние им веруваме на нашите автори - наведува новинарот Габриел Шерман, кој платил дури двајца експерти за проверка на податоци и бројки што ги споменувал во книгата. Наводно, тој им платил 100.000 долари од авансот кој го добил за книгата „Најсилен глас во собата“ во 2014 година.

Издавачите веќе долго време тврдат дека проверката на точноста на податоците во секоја книга е многу скапа и дека одговорноста паѓа на авторите, кои ги добиваат авторските права.

Приватно, издавачите се согласуваат дека треба да преземат повеќе проверки за точноста во книгите што ги печатат, особено ако станува збор за контроверзни случувања и личности.

Обвинувањата дека некои новински текстови се полни со грешка веднаш се појавуваат на социјалните мрежи и тоа автоматски е основа за судска постапка.

Точноста на текстовите сега е многу поважна бидејќи сè повеќе книги се посветени на некоја чувствителна тема. Во периодот од 2014 до 2018 година продажбата на книгите што не се фикција пораснала за 23 отсто, додека продажбата на книгите што се фикција паднала за 10 отсто.

Истовремено, документаристичките книги се читаат многу повнимателно и читателите веднаш се подготвени да ги тужат авторите и издавачите ако наидат на некој погрешен податок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура