X
 16.03.2020 Живот

Пет нови случаи, се затвора скопскиот аеродром

Пет нови позитивни лица си коронавирусот и двајца дијагностицирани во болницата „Жан Митрев“ кои ќе треба да се потврдат во лабораторијата во Институтот за јавно здравје во Скопје, најави вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Од седумте лица што беа дијагностицирани, една пациентка има 54 години, се вратила од Холандија, а еден ден претходно развила симптими. Најдени се сите контакти од семејството. Се контактираат 31 лице кои се вратиле од авионот со Виена.

Бројот на сместени на Клиниката во Скопје веќе изнесува 14. Попладнево се тестираа уште 10 други лица, 7 од Дебар, од кои 4 биле во контакт со заболените, а другите тројца се негативни.

Владата донесе нови мерки. Да се затворат сите гранични премини за премин на странски граѓани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставници на дипломатски кор. Се затвора меѓународниот аеродром во Скопје, граничниот премин, освен за државни, карго медицински летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.   

Измени се донесени и во однос на корисници на услугите на Фондот за здравство. Хроничната терапија може да даде и матичен лекар. Здравствените установи за општа стоматологија ќе пружаат само услуги за итни случаеви и издавањето на ортопедските помага исто така ќе ја вршат матичните лекари.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров повика да не се патува периодов и да се следат мерките на владите кај што веќе се затекнати нашите граѓани. 

- Наш приоритет се граѓаните што не се во татковината, а се затечени по аеродромите. Ве молам, немојте да патувате. Македонски граѓанин што утре ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе може да се врати, Државите затвораат аеродроми, авиокомпаниите откажуваат летови - категоричен беше Димитров. 
Пет нови позитивни лица си коронавирусот и двајца дијагностицирани во болницата „Жан Митрев“, кои ќе треба да се потврдат во лабораторијата во Институтот за јавно здравје во Скопје, најави вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Од седумте лица што беа дијагностицирани, една пациентка има 54 години, се вратила од Холандија, а еден ден претходно развила симптоми. Најдени се сите контакти од семејството. Се контактираат 31 лице што се вратиле од авионот со Виена.

Бројот на сместени на Клиниката во Скопје веќе изнесува 14. Попладнево се тестираа уште 10 други лица, 7 од Дебар, од кои 4 биле во контакт со заболените, а другите тројца се негативни.

Владата донесе нови мерки. Да се затворат сите гранични премини за премин на странски граѓани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставници на дипломатски кор. Се затвора меѓународниот аеродром во Скопје, граничниот премин, освен за државни, карго-медицински летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Донесени се измени и во однос на корисници на услугите на Фондот за здравство. Хроничната терапија може да даде и матичен лекар. Здравствените установи за општа стоматологија ќе даваат само услуги за итни случаи и издавањето на ортопедските помагала исто така ќе го вршат матичните лекари.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров повика да не се патува периодов и да се следат мерките на владите каде што веќе се затекнати нашите граѓани.

- Наш приоритет се граѓаните што не се во татковината, а се затечени по аеродромите. Ве молам, немојте да патувате. Македонски граѓанин што утре ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе може да се врати. Државите затвораат аеродроми, авиокомпаниите откажуваат летови - категоричен беше Димитров.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот