X
 06.02.2023 Живот

Бијонсе освои четири награди „Греми“ и постави нов рекорд

Пејачката Бијонсе стана најуспешната добитничка на музичките награди „Греми“ досега, но на синоќешното доделување во Лос Анџелес ѝ побегна можеби најбитната награда - за најдобар албум, која ја доби Британецот Хари Стајлс, за „Harry's House“.

Бијонсе освои четири награди - за најдобра аренби-песна, традиционална аренби-изведба, денс/електронски албум и денс/електронски запис. Taкa, таа досега има вкупно 32 награди „Греми“, што е нов рекорд.

Блуз, фолк и кантри-ветеранката Бони Раjт (73) ја доби наградата за песна на годината, за „Just Like That“. Признанието ѝ го врачи првата дама на САД, Џил Бајден, која беше еден од доделувачите на свеченоста. Лизо ја доби наградата за најдобар запис на годината, за „About Damn Time“, а Адел ја има најдобрата соло-изведба во категоријата поп.

Раперот Кендрик Ламар освои три награди - за најдобра рап-изведба, рап-песна, за „The Heart Part 5“ и најдобар рап-албум - „Mr. Morale & the Big Steppers“.
Наградите „Греми“, основани во 1959 година, се годишно признание за придонес во музиката и дискографијата од страна на Американската академија за уметности и науки за музички запиcи (НАРАС).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот