X
 08.09.2017 Образование

Универзитетот во Копенхаген нуди предмет за проучување на Бијонсе

бијонсе

Универзитет во Данска нуди курс што ќе го проучува животот на Бијонсе. Досега се пријавиле 75 студенти.

Курсот, наречен „Бијонсе, пол и раса“, предизвикал доста голем интерес на Универзитетот во Копенхаген, така што предавањата мора да се префрлат во амфитеатарот.

Професорот Ерик Стеинског вели дека за време на курсот ќе се предаваат текстовите од песните на пејачката, видеата и перформансите на пејачката. Тој вели дека е дизајниран во вид на академски курс каде што студентите од уметничките и културните студии ќе можат да ги изберат кредитите за нивната диплома.

„Ќе ги анализираме нејзините песни и музички видеа, а ќе се фокусираме и на полот, сексуалноста и расата“, вели професорот.

„Една од целите е студентите да се запознаат со црната феминистичка мисла, што и не е баш позната во Скандинавија. Бијонсе е важна во сфаќањето и разбирањето на светот во кој живееме денес. Таа е еден од најголемите поп-уметници денес, и токму поради тоа е важна во анализата на денешното општество“, додава тој.

Самиот професор вели дека е голем фан на пејачката, додавајќи дека таа е добар индикатор кон тоа на каде се движи поп-музиката.

„Таа е контроверзен феминист, што е доста важно. Нè тера да земеме предвид што значи да се биде феминист и што може да значи, меѓутоа, нејзиниот феминизам е упатен кон неакадемската публика.

„Тешко е човек да не биде импресиониран. Таа е екстремно добра во она што го прави. Животот е премногу краток за да работам со музика што не ја сакам“, вели тој.

Ова не е првиот универзитетски курс за Бијонсе.

Универзитетот „Рутгерс“ во Њу Џерси започна курс наречен „Политизирање на Бијонсе“ во одделот за женски и родови студии во 2014 година. Исто така, овој универзитет имаше воведено курс за теологијата во текстовите на Брус Спрингстин.

И Универзитетот во Џорџтаун имаше предмет наречен Социологија на хип-хоп: Урбаната теодикеја на Џеј-Зи, фокусирајќи се на сопругот на Бијонсе.

Во Британија, модулот во Хари Потер и времето на илузија биле понудени како предмет на Универзитетот „Дурам“.

Професорот Стеинског вели дека е изненаден од заинтересираноста за курсот.

„Ја носам дискусијата од Америка во Европа, и да одговориме на прашањата: Дали изгледаат поинаку од европска перспектива?“, вели тој.

„Во 80-тите, особено во доцните 80-ти, веројатно повеќе во Америка, се нудеа часови за Мадона - зошто сега ова е нешто ново за медиумите?“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование