X
 22.03.2019 Живот

Валкани патики за 900 долари

Модниот гигант „Гучи“ продава пар патики кои намерно се направени да изгледаат како валкани по навистина „валкана“ цена.

Машките патики изгледаат како да се од 70-тите години и како да биле користени уште од диско-ерата. Бледожолтеникавите обувки доаѓаат со црвени и зелени или црвени и сини детали, по цена од 870 долари.


Обувките веќе станаа тренд меѓу некои холивудски ѕвезди.


Иако можеби изгледаат смешно, валканите патики и не се некоја нова идеја. Италијанскиот бренд „Голден Гус“ беше критикуван минатата година дека се подбива со сиромаштијата со продажбата на валкани чевли, кои чинеа 530 долари.

И трендот на носење нешто што изгледа старо не е нов. Тука се и искинатите фармерки, кои може да се видат насекаде, од инстаграм-профилот на Бијонсе до локалните бутици во секој град.


Да се надеваме дека следен тренд нема да бидат чорапите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот