X
 24.07.2019 Живот

Училиштата во Турција ќе почнат да посвојуваат кучиња?

Турскиот министер за образование, Зија Селчук, вели дека министерството почнало иницијатива со која ќе им се дозволи на училиштата да посвојваат улични кучиња од засолништата.

Оваа новост Селчук ја објави на неговиот твитер-профил, поставувајќи слика од себеси и куче што тој го посвоил од засолниште. Сега, кучето Пергел живее во градината на министерството.

- Пергел дојде од засолниште. Почнавме иницијатива што на училиштата ќе им овозможи да посвојуваат животни од засолништа. Иако кон иницијативата се насочени голем број критики, првенствено затоа што не е примарен проблем во образовниот систем, сметам дека постои голема разлика во тоа што е љубовта во пишаниот збор во наставната програма и реалноста, односно кога му давате на детето животно што треба да го сака, да се грижи за него и да му каже добро утро во училишната градина - изјави Селчук, нагласувајќи ја важноста учениците да имаат животно за кое ќе можат да се грижат во училиштата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот