X
 11.04.2023 Живот

Бесплатни часови за возење велосипед за жените во Виена

Од неодамна жените во Виена може да научат како да возат велосипед бесплатно благодарение на иницијатива на Австрискиот автомобилски клуб (ÖAMTC) и Виенската агенција за мобилност (Mobilitätsagentur Wien).

Часовите главно се наменети за мигранти кои доаѓаат од места каде што возењето велосипед не е толку популарно или каде што жените не смеат да возат велосипед. Меѓутоа, жените што се родени во Виена, исто така, може да ги искористат бесплатните часови. Лекциите се создадени така што да одговараат на возрасни ученици.

Се одржува еден час со времетраење од три часа секоја седмица. За време на лекциите, учесниците прво почнуваат со возење скутери, а потоа електрични велосипеди и на крајот обични велосипеди.

Според организаторите, луѓето најчесто учат како да возат велосипед во три лекции. Досега над 700 жени научиле како да возат велосипед преку иницијативата од 2014 година.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот