X
 06.03.2017 Култура

Кои држави жалат поради распаѓањето на Југославија и како размислуваат Македонците?

Истражувањето спроведено од „IPSOS“, кое го поставува прашањето на колку граѓани од поранешните југословенски држави им недостасува Југославија, донесува интересни резултати.

Истражувањето опфатило 10.500 граѓани и предизвика серија на показатели на луѓето во Југоисточна Европа за нивната посветеност на новонастанатите држави, во однос на религијата, националните симболи, историјата, односите со другите нации и прашањето за вината за минатите војни. Резултатите се прецизни, и покажуваат дека никаде на просториите на поранешна Југославија, ниту една нација не е толку силно формирана како Хрватска, заклучува книгата „Стратегија на симболичната на изградба на нациите во државите во Југоисточна Европа“.

Додека политичките и економските предизвици на транзицијата од комунизмот во новите држав привлекуваат најголемо внимание, оваа книга го става фокусот на третата клучна задача пред која се најдоа лидерите на новите држави на Западниот Балкан: прашањето за политички идентитет. Како што открила Маргарет Канован: „Политичкиот режим кој не може успешно да управува со лојалноста на своите членови, порано или подоцна ќе биде заменет со оној кој може. Во новите пост-комунистички држави, ваквата лојалност не можеше да се земе здраво за готово“.

Доказ за тоа се бројките кои покажуваат дека високи 68% од жителите во Босна и Херцеговина жалат поради распаѓањето на Југославија, додека процентот во Србија изнесува 71. Најмалку жители жалат за времето на Југославија во Хрватска (18.3%), Косово (5.4%), додека нашата земја може да се каже дека е поделена, со 45.3% од граѓаните за Југославија, и 54%.7 од граѓаните кои не се за Југославија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура