Иако луѓето се сеќаваат и ги фалат градбите и спомениците од времето на Југославија, некои се истакнуваат по тоа колку се лоши, на пример, оваа зграда.
Многумина сметаат дека е најголемиот инженерски неуспех, а станува збор за познатата брана Идбар, која се наоѓа во близина на Коњик, на реката Башчица.
И денес, по повеќе од половина век, браната им го привлекува вниманието на случајните минувачи, но е и тема за која пишуваат и зборуваат експертите, нарекувајќи ја неуспех на векот.
Изградена во 1959 година, браната е специфична за целото подрачје на поранешна Југославија. Била изградена за да се запре таложењето на реката Башчица, поројна река која носела големи талози во Јабланичкото Езеро. Целта на браната била да спречи таложење на тие големи количини на талог, а не производство на струја. Вложениот труд и потрошените пари на крајот резултирале со апсолутно ништо.
Кога била изградена, никој не можел да очекува дека реката Башчиќ ќе надојде толку многу, што водата ќе се акумулира со голема брзина, сѐ до моментот кога водата не почна да се излева, по што браната пукнала. Но, не дошло до катастрофален исход бидејќи на средината на браната се појавила пукнатина видлива и денес. За работите да бидат уште побизарни, мештаните направиле уште еден премин низ браната преку кој денес води главниот пат до селото Идбар.
Станува збор за една прилично неверојатна глетка. Голема брана, висока повеќе од 30 метри, опкружена со шума, а низ неа мал премин и пат што води до живописното село Идбар.
Главниот експерт што го водел проектот бил инженерот Душан Милановиќ, а изведувач било железничкото градежно претпријатие број 1 од Сараево, кое претходно немало работено на брани. Потоа се појавиле шпекулации дека главниот архитект се самоубил по неуспехот, но тоа не било точно.
На крајот имало и национални поделби. За да се зачини балканската тема на целата приказна, експертите од Србија некако почнале да го бранат Душан Милановиќ, додека други експерти од територијата на Босна и Херцеговина го обвиниле за сериозни пропусти при изградбата на браната.
Извор:
Nova.rs
Фото: YouTube/Screenshot