X
 06.03.2017 Живот

Зошто ранобудните имаат подобро ментално здравје од „ноќните птици“?

Научниците неодамна дојдоа до нови сознанија дека ранобудните лица е можно да бидат посреќни од „ноќните птици“. Додека 20% се ноќни птици, 10% се ранобудни, повеќето се некаде измеѓу. Ако сте во среќните 10% веројатно имате и подобро ментално и општо здравје од другите.

Ранобудните сфаќаат дека добриот ден започнува со добро утро. За нив исто така се докажало дека помалку оддолговлекуваат. Првиот час во денот може да го намести расположението за целиот ден, а ранобудните го искористуваат помудро затоа што се порелаксирани од самиот почеток на денот. Тие имаат време и за вежбање што значително го намалува стресот.

„Ноќните птици“ не се обидуваат да легнуваат доцна, тие не можат да спијат или имаат други проблеми. Една германска студија покажала дека кај нив се забележуваат разлики во белата мозочна маса, што значи дека ги прави почувствителни на депресија, а тие се и со тенденција да имаат нездрави навики, како пушење или пиење. Ако не спиете доволно пак, може да имате сериозни проблеми со расположението и животот. Од друга страна, за „ноќните птици“ е докажано и дека се попаметни и покреативни од другите две групи.

Сменете го шаблонот на спиење и расположението ќе Ви се промени


1. Подгответе ја атмосферата за спиење: отстранете ја електрониката, намалете ја светлината, намалете ги звуците и сл.
2. Создадете си рутина за пред спиење: легнувајте си во исто време секоја вечер, истуширајте се, пијте одреден пијалок (чај, млеко, или само вода) и слично.
3. Опуштете се со вежби: јогата е одличен начин да се опуштите.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот