Многу луѓе поминуваат низ епизоди на тага во животот, но клиничката депресија е потешка и потрајна од овие краткотрајни епизоди. За да се воспостави дијагноза на депресија, треба да постојат одредени симптоми најмалку две седмици.
- Генерално, депресиите може да се поделат на внатрешни и надворешни, во зависност од тоа дали се јавуваат поради нарушување во функционирањето на невротрансмитерските системи на централниот нервен систем, но и нарушување на нивото на хормони. Кај надворешната депресија, причина е „надворешниот фактор“, односно неповолните животни околности. Лицата што се чувствителни на дејството на овие фактори се поподложни на појава на депресија - вели Снежана Ѓорѓевиќ, доктор специјалист по психијатрија за „Еклиника“.
Таа додава дека некои луѓе имаат тенденција да размислуваат на специфичен начин, односно ирационално се доживуваат како помалку вредни, беспомошни итн.
Симптомите за депресија се многубројни, а меѓу типичните се вбројуваат депресивното расположение, губење интерес и задоволство од вообичаени активности, намалена енергија и зголемен замор. Ѓорѓевиќ наведува и дека проблемите со спиењето, апетитот и концентрацијата, како и помалата самодоверба, тешкотиите во донесувањето одлуки, намалено либидо, пасивизацијата или агитираноста може да бидат симптоми на депресија.
Фото: Pixabay
Според неа, епидемиолошките податоци покажуваат дека депресијата двојно почесто се јавува кај женската популација.
Со стареењето се зголемува веројатноста за заболување од депресија, се зголемуваат депресивните епизоди и се продолжува нивното траење.
Како се лекува депресијата?
Пристапот кон лицата со депресија е специфичен и индивидуален. Постојат методи за лекување кои вклучуваат антидепресиви или групна или индивидуална психотерапија.
Се применува и психодрама, која овозможува да се добие нова перспектива со заменување на улогите.
Извор:
Eklinika
Фото: Pixabay