X
 05.05.2023 Живот

Што значи потребата да слушате музика додека работите?

Доколку сакате да слушате музика додека работите, научниците велат дека има причина за тоа. Имено, велат дека потребата за дополнителен звук како музика или звук од телевизор може да укажува на проблем со менталното здравје, а не дистракција како што често се мисли.

- Заднинската врева може да се користи во обид да се сврти вниманието или да се одбегнат непријатни емоции и мисли - изјави психологот Јена Карл.

Сепак, научниците наведуваат дека пуштањето заднинска врева до одредена мера може да биде добар начин за управување со емоциите. На пример, доколку сте преоптоварени или депресивни на работа, можеби ќе ви треба нешто за да ви го сврти вниманието. Меѓутоа, тука може да се појави проблем бидејќи не се препорачува целосно да се одбегнуваат емоциите и долго време.

Мора да најдете време да се вратите на своите мисли за да ги процените емоциите што ве мачат. За жал, одбегнувањето на емоциите може да ја влоши вашата состојба. Ако се најдете во ситуација секогаш да го одбегнувате фокусирањето на непријатни мисли, тоа може да ја зголеми тешкотијата зад тие мисли.

Доколку забележите дека пуштате музика за да избегате од своите емоции и мисли, можеби е време да воведете други вештини за соочување, како одење на терапија.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот