06.03.2019
Живот
Дали Приштина е најгрдата престолнина во Европа?
Се чини дека Приштина е најгрдиот град во Европа, оценува репортер на Би-би-си кој лани се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово.
Репортерот наведува дека уредно ја платил хотелска соба без вода и се одлучил да ги искористи следните два дена за обиколка на градот изграден во комунистички стил со бетонски блокови и со валкани улици.
- Не мислам дека ова е најлошиот хотел во светот, но тоа е така затоа што светот е многу голем - изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи, за државниот хотел „Гранд“, потсетува Би-би-си и додава дека во култната емисија „Лонли планет“ Приштина е опишана како „едно од малкуте естетски места“, а „Бостон глоуб“ како „најгрда и најсмешна престолнина во Европа“.
Првото место што го посетил репортерот била Националната библиотека на Косово, на која порталот „Виртуелен турист“ ѝ го додели престижното признание за најгрда зграда.
Отворена е во 1982 година, а нејзината ограда најмногу потсетува на затвор.
За него е иронија тоа што во Приштина се наоѓа катедралата „Мајка Тереза“, а пред сѐ затоа што Ватикан не ја признава независноста на Косово, но и поради тоа што 90 проценти од граѓаните на Косово се со исламска вероисповед.
Тој вели дека до 14 век поголемиот дел од албанското население биле христијани и дека дури по турското освојување се сѐ променило, а сега христијаните опфаќаат само 3 проценти од населението.
Патот на независност не мора да доведе до напредок, констатира репортерот и додава дека без парите, кои доаѓа од странство, економијата целосно би се распаднала.
Репортерот вели дека косовскиот суверенитет е признат од 114 од вкупно 193 земји во ОН.
Извор: МИА