Сите сакаме повеќе време да трошиме на работите во кои уживаме.
Но, според Ешли Виланс, професорка на Бизнис-школата на „Харвард“, ние не го правиме она што може да ни даде повеќе време: трошење пари на најтешките дневни или неделни задачи.
Според неa, трошењето пари за повеќе слободно време може да нè направи посреќни. Поточно, трошењето пари за да се ослободиме од негативните искуства - како перење и диплење на облеката и чистење на куќата. Тоа може и да е поскап стан што е поблиску до работа и е блиску до многу други места, без многу патување. Истражувањето на Виланс покажува дека „купувањето време“ на овој начин води до поголема среќа и помал стрес. Но често нешто нè држи и не дозволува да бидеме среќни.
Фото: Getty Images
- Во моето истражување открив дека луѓето се чувствуваат виновни ако изнајмат некој да им заврши некаква работа иако тие плаќаат пари за да имаат повеќе време - вели Виланс.
Плаќањето некому да достави оброци, да испере и да здипли алишта или да ја искоси тревата нè прави да се чувствуваме како товар некому. Исто така, се чувствуваме како да покажуваме дека не сме способни да си ги завршиме сопствените обврски.
Најдобриот начин да се отстрани чувството на вина е да се фокусирате на вредноста што ја добивате, вели Виланс. Клучот за да се осигурите дека слободното време доведува до поголема среќа е тоа да го направите значајно.
- Самото тоа што ќе помислат дека даваат пари за да имаат повеќе слободно време ги прави луѓето да го планираат нивното време малку подобро. Ако платам за да имам слободно време, тогаш ќе направам навистина да уживам во слободното време што си го обезбедив - вели Виланс.
Според неа, секогаш кога ќе го отвориме
паричникот треба да се прашаме себеси: - Дали овие пари го менуваат начинот на кој го поминувам времето?