Ноќта на вештерките е еден од најскапите празници во САД според трошоците по глава на жител. Годинава едно просечно домаќинство би требало да потроши над 100 долари за Ноќта на вештерките.
Колку се троши во САД за празникот?
Неодамнешни податоци за трошоците за празникот покажуваат дека вкупните трошоци на жителите во САД годинава ќе достигнат рекордни 12,2 милијарди долари. Ова е раст од 15,1 отсто во споредба со потрошените 10,6 милијарди долари во 2022 година.
Истите податоци покажуваат дека просечните трошоци за Ноќта на вештерките во САД се разликуваат од година на година. На пример, се трошело повеќе во 2014 отколку во 2015 година.
Сепак, трошоците се зголемени доколку се гледа во поголем период, од 2014 до денес.
Извор:
Oberlo
Насловна фотографија: Pixabay