Два древни нематоди од плеистоцентската ера се движат и јадат нормално, првпат откако биле замрзнати во плеистоценот. Црвите, што оригинално потекнвуаат од две области на Сибир, се вратиле во живот во Петриева шолја, вели едно научно истражување.
Руските научници од Институтот за физичко-хемиски и биолошки проблеми на науката за почви, Московскиот државен универзитет, биолошката станица Пертсов, Високата школа за економија во Москва заедно со Одделот за геонаука на Универзитетот Принстон одмрзнале и анализирале околу 300 праисториски црви од различни возрасти и потекла.
По одмрзнувањето, два од нематодите во групата, покажале знаци на живот. Според извештајот од Јакутија, областа каде биле најдени црвите, тие започнале да се движат и да јадат.
Во геологијата, вечно замрзнатаа почва е карпеста или криотична почва, на или под точка на замрзнување на водата 0 степени целзиусови од две или повеќе години. Повеќето ваква почва е излоирана и се наоѓа во и околу Арктикот и Антарктикот.
Фото: Wikimedia Commons
Што е нематода?
Нематодите се црви. Се проценува дека постојат над милион различни видови нематоди. Тие се најбројни животни на планетата. Можат да се најдат насекаде, од најдлабокиот дел на океанот до врвот на највисоката планина.
Според истражувачкиот труд, еден црв бил најден во живеалиштето на древни верверички и е стар околу 32.000 години, а другиот црв бил пронајден во близина на реката Алазеја и е стар околу 41.700 години. Во моментов, овие два нематоди се најстарите живи животни на планетата. Се верува дека се женски иако некои нематоди се хермафродити.
Според трудот, податоците собрани од научниците ја докажуваат способноста на повеќеклеточните организми да преживеат долгорочно - десетици илјади години - криобиоза под условите на природна криоконсервација.
Ова откритие укажува на тоа дека плеоистоценските
нематоди имаат прилично импресивни адаптивни механизми што можат да бидат од научна и практична важност за областите пкако што се криомедицината, криобиологијата и астробиологијата.
Ова може да означува почеток на ново и фасцинантно научно освојување кон опстанокот на повеќеклеточните организми преку криоконсервација на загрозени видови, па дури и човечки суштества.