Дали лошото време, без разлика дали станува збор за снег или дожд, влијае врз интернет-мрежата? Порталот „Ментал флос“ објаснува дека временските услови не влијаат врз интернет-мрежата на која сте приклучени преку ви-фи рутер во поголемиот дел од времето.
Исклучок е влажноста во воздухот, која го попречува ефикасното испраќање на сигналите, што може да ја забави интернет-врската. Меѓутоа, не треба целосно да немате интернет дури и во денови со најголема влажност во воздухот.
Кога станува збор за другите временски услови, високите температури може да влијаат врз опремата, односно да предизвикаат прегревање.
Фото: Pixabay
Доколку при лошо време имате проблеми со мрежата, причината за тоа може да биде различна. Кога временските услови се лоши, повеќе луѓе се дома и го користат интернетот, па тоа може да биде причина за забавување на интернетот.
Временските услови повеќе влијаат врз интернетот при кабелско или сателитско поврзување бидејќи дождот може да влијае врз патувањето на сателитските радиобранови. Од друга страна, високата температура или влажноста во воздухот може да ги оштети каблите.
Извор:
Mental Floss