Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот збор на светот е од грчкиот јазик. Има 175 букви и 78 слога. Овој збор, секако, не се користи во секојдневниот говор. Тежок е да се прочита, а уште потежок да се запомни.
Творец на зборот е Аристофан, антички грчки комедиограф од 5 век пред нашата ера. Тој го измислил зборот и го употребил во својата комедија „Жени во собрание“. Зборот дефинира измислен оброк.
Тој изгледа вака: λοπαδοτεμαχοσελαχογαλεοκρανιολειψανοδριμυποτριμματοσιλφιοκαραβομελιτοκατακεχυμενοκιχλεπικοσσυφοφαττοπεριστεραλεκτρυονοπτοκεφαλλιοκιγκλοπελειολαγῳοσιραιοβαφητραγανοπτερύγων.
Транслитерацијата на латински е малку подолга, односно има 183 букви, и изгледа вака: Lopadotemachoselachogaleokranioleipsanodrimhypotrimmatosilphiokarabomelitokatakechymenokichlepikossyphophattoperisteralektryonoptekephalliokigklopeleiolagoiosiraiobaphetraganopterygon.
Значењето на зборот би можело да се опише како јадење составено од разни видови слатки, риба, месо, живина и сосови.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay