X
 08.01.2016 Култура

Бразил доделува бесплатни книги кои служат како билети за возење

Градовите со метро-системи имаат разни елементи во своите дизајни на мапите и билетите. Бразил направи нешто сосема поинакво.


Се работи за книги кои функционираат и како билети за метро. Она што е најдобро во врска со овие книги-билети е дека тие се бесплатни.

„За прославување на Светскиот ден на книгата на 23 април, бразилската издавачка куќа L&PM доделува 10.000 книги на метро-страниците низ Сао Паоло. Секоја книга носи 10 бесплатни возења“, пренесуваат ПСФК.


Читателите потоа може да ги надополнат книгите за уште возења или да ги подарат некому за да поттикнат повеќе читање. Меѓу книгите се наоѓаат дела од Агата Кристи, Ф. Скот Фицџералд, Пабло Неруда, Шекспир итн.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура