X
 09.04.2022 Уметност

Оваа девојка ги претвора страниците на книгите во вистинско ремек-дело

22-годишната Мејси е студентка по историја на уметност која се инспирирала од средновековната христијанска уметност, која вклучува цртање сцени на работ на страниците од книгите.

Неодамна, тик-ток профилот на Мејси стана вирален кога таа сподели видео од нејзиното цртање на страниците на книгата „Господарот на прстените“ од Џ. Р. Р. Толкин, привлекувајќи над 4,8 милиони гледачи кои биле воодушевени од нејзината работа.

- Отсекогаш сум ги сакала книгите на Толкин и неговите илустрации, така што тоа беше совршена комбинација од историја на уметност, сликарство и Толкин - вели таа.


За да може да ги создава нејзините ремек-дела, Мејси направила преса што цврсто ги држи страниците додека таа вешто ги оживува сцените од книгите.


- Започнувам со наоѓање на совршената книга. Се обидувам да купам користени книги, често од продавници за половни книги. Понекогаш правам мали поправки на книгите. Понекогаш ги брусам рабовите за да се ослободам од  каква било промена на бојата и за малку да ја израмнам површината. Потоа почнувам да сликам - вели таа.




Извор: Fox News
Фото: Maisie Jackson
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност